Владимир Блажев или попознат како Панчо од музичката група ДНК објави доста контроверзен статус на својот фејсбук профил. Еве што напиша тој:
Има еден лик кој важи за “менаџер” на Македонскава естрада ( каква е таква е ) се вика Vasko Pavlevski од Битола, а на прекар го викаат Васко Жолтио. Ни беше само сапорт за нашиот концерт ( бидејќи има фирма и мораше се да иде преку него заради договори со спонзори, а инаку јас и Андреј го направивме истиот да не се лажеме ) кој се одржа пред месец и половина и морам вака јавно да кажам без грам трошка совест на душа дека е еден од нај големите ХОШТАПЛЕРИ и ПРЕВАРАНТИ во поновата историја на Македонија.
Покрај тоа што на нас сеуште ни ги нема исплатено дел од хонорарите претпоставувам покривајќи други негови дупки, морам да кажам дека исто така на еминемтни и значајни имиња на МК естрадата и должи прилично големи суми на пари. Нема да ги споменувам лично ( иако лично сум дискутирал со секој од нив по тоа прашање ) но доколку сакаат нек си напишат на постов. Многу артисти ЗАЕБАНИ за спотови и не испочитувани за датуми, рокови за издавање на истите.
Газди од клубови, луѓе што биле вработени во Gorilla Produkcija ( негова фирма ) и ред други луѓе ( звук , светло , печатници ) од нашата и слична бранша. Чисто сакам да најавам дека ние како DNK се оградуваме максимално од него за секаква идна соработка.
Со почит
Панчо 🙏
извор: пинџур.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.