| четврток, 6 декември 2018 |

Пекар изгубил прст во миксер

Работник во пекарница на Жито Лукс, вчера остана без прст откако миксер за тесто му ја фатил раката и му згмечил три прста.

Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 11 часот додека дваесет и тригодишниот А.А. работел на миксерот во фабриката во скопската населба Шуто Оризари. Во еден момент миксерот му ја повлекол левата дланка и му згмечил три прста. Веднаш бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје каде лекарите морале да му ампутираат еден прст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top