| четврток, 6 декември 2018 |

Најди нова работа и престани да се сликаш гола (видео)

Кога на Јутјуб се појави жешкото видео на Емили Ратајковски, која разголена и посипена со шпатеги, веднаш реагираше познатиот водител Пирс Морган, кој жестоко ја искритикува.

Ратајковски за магазинот „Love“ сними видео кое никого не остави рамнодушен.

Меѓутоа, Морган не пропушти прилика да ја нападне манекенката која ја нарече празноглава глупача, а исто така и порача да престане да се слика гола и да најде вистинска работа.

– Не знам што е точно таа. Таа е глобална фуфица. Да, сјаен потез за напредок на феминизмот. Знаете што, девојки? Соблечете се и замотајте се во шпагети, а потоа жалете се дека мажите ве гледаат само како објекти. Девојко, дај облечи се и најди вистинска работа
– порача Моран во својата емисија.

Меѓутоа, ни Емили не му остана должна, па му одговори преку Твитер.

– Никогаш не сум кажала дека моето видео е феминистичка изјава. Но, сега треба да се нагласи дека кога жените говорат што да прават со своите тела и сексуалноста, тоа е класичен сексизам. Јас можам да имам став за феминизмот и истовремено да снимам секси видеоклипови – напишала Ратајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top