Според годишната листа на најпребарувани поими на „Гугл“ за 2017 година, може да се заклучи дека светот не се интересирал многу за политичари (дури ни Доналд Трамп не е меѓу најпребаруваните поими), туку се интересирал за природни катастрофи, славни личности и технолошки уреди.
Севкупно, најпребарувани поими годинава се ураганот Ирма, ајфон 8, ајфон икс, Мет Лауер (кој беше отпуштен од Ен-би-си њуз откако вработена се пожалила за негово непристојно сексуално однесување) и Меган Маркл, идната кралска снаа.
На глобално ниво, меѓу личностите најпребарувани се Мет Лауер, Меган Маркл, Харви Вајнстин, Кевин Спејси и Надја Тофа, меѓу песните на врвот е „Деспасито“, а од сериите најпребарувана е „Почудни нешта“.
Од луѓето што нè напуштија оваа година, најпребарувани се имињата на Том Пети, Честер Бенингтон и Крис Корнел.
Меѓу земјите од Балканот, пак, во Бугарија најпребаруван филм бил „50 нијанси сиво“, Хрватите најмногу ги пребарувале поимите „Деспасито“, „избори“ и „Ла ла ленд“, а во Србија најпребаруван збор бил „време“, додека од серии „Убијците на мојот татко“ и „Сенки над Балканот“.
За Македонија нема посебна листа на „Гугл трендс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.