| четврток, 6 декември 2018 |

Не може да побегнете од „гугл“ и од „фејсбук“ дури и ако ги избриште профилите

Не може да побегнете од „гугл“ и од „фејсбук“, освен ако не престанете да користите интернет, што денеска е скоро невозможно.

Технолошките гигнати кои со години се критикувани и од страна на корисниците, но и од дел од Владите на земјите ширум светот дека приватните податоци ги продаваат на огласувачите, градат профил за вас без разлика дали ги користите нивните услуги или не, пишува „Хафингтон пост“.

Ако на кој било начин користите интернет, дури и ако немате профил на „фејсбук“, сите податоци за она што го пребарувате на интернет, ќе стигнат во нивни раце и ќе бидат продадени на огласувачите кои потоа преку своите реклами целат на вашите навики и движења.

Бидејќи голем од веб-страниците користи „гугл аналитикс“ за да ги анализира податоците за читаноста, секој ваш клик на некоја страница доаѓа до „гугл“, а така и со „дабл-клик“, доминантната мрежа за огласи. И тие собираат податоци за корисниците на интернет и тоа без да бидете свесни дека тоа се случува додека пребарувате на интернет, а потоа тие податоци ги испраќаат назад до „гугл“.

Исто така, овие две компании веќе ги купија производите на своите конкуренти, па на пример „Вац ап“ на кој се допишувате, всушност е под „фејсбук“, а „јутјуб“ е под „гугл“.

Секој пат, кога на некоја страница забележите знак „лајк“ во некој облик, бидете сигурно дека „фејсбук“ знае дека сте на таа страница.

Секако, може да одберете дека нема веќе да користите „гугл“ и „фејсбук“, но тие својата мрежа ја фрлиле преку целиот интернет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top