| четврток, 6 декември 2018 |

Тажната судбина на малата Мина: Девојчето е родено во затвор и таму ќе остане до полнолетство

Мина е 11-годишно девојче кое мора да биде во затвор со својата мајка која е сериски убиец.

Според наводите на авганистанските службеници, Ширин Гул дома доведувала мажи кои требало да и платат за секс. Наместо тоа, Гул им ставала дрога во чајот што им го послужувала, по што ги убивала и го закопувала во дворот, пишува Њу Јорк Тајмс.

До 2005. година, Гул убила 27 мажи, поради што го добила прекарот „најозлогласена затвореничка во Авганистан“.

Моментално се наоѓа на издржување на доживотна казна, а со неа во затвор се наоѓа и 11-годишната ќерка.

Тајмс наведува дека ситуацијата со малата Мина е „екстремна, но не и единствена“, а се верува дека во моментов стотина деца престојуваат во затвори во Авганистан со своите мајки.

Според законите на оваа земја, на мајките им е дозволено да ги задржат децата додека не станат полнолетни, а во многу случаи за тие деца нема кој да се грижи.

Мина е родена во затвор, по однос на нејзината мајка со затворски чувар. Се смета дека Гул го направила тоа за да избегне смрт со бесење.

Девојчето никогаш не било надвор.

-За разлика од нејзината мајка, таа навистина е фина и културна – пишува Тајмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top