| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Mинхен едвај го победи последниот во Бундеслигата

Баерн Минхен вечерва забележа трета последователна победа во Бундеслигата и ја зголеми предноста на врвот на табелата. Баварците се справија неочекувано тешко со последниот во табелата – Келн и победија со минимални 1-0. Трите бода за германскиот гигант ги обезбеди Полјакот, Роберт Левандовски.

По одигрувањето на сите дуели од ова коло, Баерн има веќе девет поени предност на врвот, а Шалке изби на второто моето, откако ја потврди својата добра форма со победа над Аугсбург од 3-2.

Резултати од Бундеслигата:

Баерн Минхен – Келн: 1-0
Баер Леверкузен – Вердер: 1-0
Хофенхајм – Штутгарт: 1-0
Херта – Хановер: 3-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top