| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед минималнo победи на „Олд Трафорд“, Ливерпул и Арсенал со нови киксови

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед брзо се рехабилитираа од поразот од градскиот ривал и во рамките на 17. коло на Премиер лигата, по тешки услови за игра го совладаа Борнмут со 1-0 (1-0).

Во 25. минута од мечот Лукаку го постигна едниствениот гол на мечот откако одлично скокна по асистенцијата на Мата и госовлада гостинскиот голман.

Тотенхем по серијата на натпревари без триумф, ја врза втората победа во серија, откако на домашен терен го совлада тимот на Брајтон со 2-0 (1-0). Стрелец на водечкиот гол за тимот на Почетино беше Орие во 40. минута, а победата ја потврди Мин во 88. минута.

Ливерпул повторно ги разочара своите навивачи откако на домашен терен не успеа да го совлада тимот на ВБА и одигра само 0-0, а со истиот резултат заврши и мечот Вест  Хем – Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top