Побрканост. Додека удобно седиме, слушаме, или пишуваме дека спорот со Грција се движи во позитивна насока (како Република Македонија да бара нешто од Грција) триесет и шест луѓе се во притвор, затоа што некои го побркале редоследот на настаните од 27.04.2017, сметајќи/„сметајќи“ дека последицата може да ѝ претходи на причината, пишува универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил за актуелните политички случувања во Македонија.
– Седат, слушат и молчат, исто така, и народните пратеници, како со државата да не се случува ништо. Но, луѓе мои, битно е што во државата се манифестирало висок степен на моралност – членовите на ДИК дале оставка! Го спомна ли некој феноменот дефокусација?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уништен: Вака изгледа денес некогашниот Поштенски дом на Водно (ФОТО)
-
Цуцуловски: Се родив во Македонија, а заради нечиј ќеф треба да умрам во некоја си не – Македонија?
-
Љубомир Цуцуловски: Немање црвени линии значи и сигурна промена на името
-
Цуцуловски: Малку е необично и иронично амбасадорот на единствената држава која ја напушти ЕУ да ја бодри Македонија за влез