| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски: Малку е необично и иронично амбасадорот на единствената држава која ја напушти ЕУ да ја бодри Македонија за влез

– МАЛКУ Е… Малку е необично, можеби и иронично, амбасадор на странска држава, која прва (и единствена досега) ја напушти ЕУ, да ја подржува и да ја бодри Република Македонија што можеби наскоро (кон средината на 2018) ќе ги започнела преговорите за влез во ЕУ, пишува универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил коментирајќи ја последната изјава на британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

– Оваа подршка/охрабрување ја даде амбасадорот на Обединето Кралство во Македонија, господинот Чарлс Гарет, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Многупати помислувам дека необични се патиштата божји, но дека уште понеобични се патиштата политички. Дипломатски или не, тоа е сеедно, бидејќи некои се надеваат и нѐ охрабруваат дека ќе влеземе таму од каде самите тукушто излегоа, додава Цуцуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top