| четврток, 6 декември 2018 |

Акајед Улах е лицето кое постави бомба во Њујорк, откриени детали за неговиот живот (видео)

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, рекол дека Акајед Улах, кој од њујоршката полиција бил идентификуван како извршител на нападот во подземната железничка во тој град, наводно пронашол инструкции за изградба на бомба на интернет.

На прес-конференцијата во близина на местото на нападот, Куомо рекол дека бомбата била изработена на аматерско ниво.

Како што соопштила њујоршката комисија за такси и лимузини, Улах поседувал дозвола за таксирање лимузина од 2012-тата до 2015-тата година. Напаѓачот нема криминално минато во Бангладеш и последен пат ја посетил родната земја во септември оваа година, рекол началникот на полицијата во Бангладеш.

Генералниот инспектор на полицијата, А.К.М Шахидул Хак, за “Reuters” рекол дека таа информација е заснована на бројот на пасошот на Улах.

Њујоршката полиција експлозијата ја окаратеризирала како обид за терористички напад Улах ја детонирал цевната бомба залепена за своето тело во подземната железничка во Њујорк и притоа повредил три лица и себе, а инцидентот се случил во утринските часови по локално време на станицата во близина на Тајмс Сквер.

Комесарот на њујоршката полиција, Џејмс О’Нил, соопштил дека експлозијата во подземната железничка е поврзана со тероризам. Органите за ред соопштиле дека извршителот пронашол инспирација во ИСИС, но дека нема докази дека имал директен контакт со оваа група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top