| четврток, 6 декември 2018 |

Турски националисти упаднаа во црквата Света Софија во Истанбул

Турски националисти упаднаа во црквата Света Софија во Истанбул, во знак на протест поради признавањето на Ерусалим за престолнина на Израел од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, јави грчкиот весник „Та неа“.

Полицијата во Истанбул ги уапси напаѓачите на црквата.

Според турските медиуми, тие биле приврзаници на ултра десничарската организација „Пожарите на Алперен“, огранок на екстремистичката организација „Сивите волци“.

Националистите влегоа во црквата Света Софија, која сега е музеј, да се помолат и на тој начин да го изразат револтот од признавањето на Ерусалим за престолнина на Израел од страна на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top