На 27-ми мај, сабота, во црквата Света Софија ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти. Концертот што ќе се одржи по повод чествувањето на Светите Кирил и Методиј, ќе биде под уметничко раководство на проф. Д-р Ана Гацева и проф.м-р Даниел Чуркоски.
Воведен збор ќе имаат проф.д-р Димитар Пандев и актерот Јован Цветкоски. Ќе настапи сопранот Галина Куценко.
Влезот е слободн. Концертот ќе започне во 19.30 часот. Пред почетокот на културната програма, во 19 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Св.Кирил и Методиј во градскиот парк.
Концертот е во организација на Организациониот одбор, МПЦ и фестивалот Охридско лето.
охридњуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.