| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во Неготино: Повредена тинејџерка, итно пренесена на Ургентен во Скопје

Петнаесет годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 17:20 часот се случила на улицата „Индустриска“ во Неготино. Од полицијата информираат дека патничко возило „Фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од О.И. (58) од Демир Капија, удрил во 15-годишно девојче од Неготино.

– Во незгодата девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Итна медицинска помош Неготино била препратена во Ургентен центар Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top