Бомбашот кој денеска се обиде да активира бомба во една од најпрометните сообраќајници на њујоршкото метро е 27-годишниот Акајед Улах од Бангладеш, јави весникот „Њујорк Пост“.
Улах е единствениот повреден во експлозијата на бомбата, а уште три до четири лица побарале лекарска помош од повреди што ги здобиле при општата паника која настанала во подземниот тунел меѓу метро станиците Тајмс Сквер и Порт Ауторити.
Според телевизијата Си-Би-Ес, Улах носел две експлозивни направи, едната од кои била прицврстена на неговото тело. Едната од бомбите делумно експлодирала додека бомбашот ја носел, нанесувајќи му тешки повреди поради кои бил хоспитализиран.
Полициските тимови успеале да ја отстранат другата експлозивна направа од неговото тело, по што му била укажана лекарска помош.
Поранешниот полициски комесар на Њујорк, Бил Братон изјави дека, според неговите извори, се работи за исламист кој сакал да изврши напад во Њујорк пред Божиќ, во име на организацијата Исламска Држава. Улах живеел во САД од пред седум години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)