| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена нова планета: Подобра е од нашата, а можеби и населена (видо)

Научниците откриле уште една планета, која ја нарекоа „K2-18b“, а веруваат дека на неа е возможен живот.

Планетата е поголема од Земјата е оддалечена е од нас 111 светлосни години, а се наоѓа во соѕвездието Лав.

Таа кружи околу ѕвездата која „црвено џуџе“ и тоа во „Голдилокс зоната“ (зона која не е ниту преблиску, ниту предалеку од ѕвездите), која е совршена за настанок на живот.

Се уште треба да се утврди дали планетата е гасовита или карпеста. Постои голема веројатност на неа да има вода и да е доволно топла за живот.

Сигурно е дека планетата има атмосфера, а бидејќи кружи околу ѕвездите тоа значи дека има услови за вода. Кога се ќе се собере се доаѓа дека на неа е возможен живот.

Обидувајќи се да ја измерат масата и некои други карактеристики на планетата, астрономите воочиле уште една планета околу истата ѕвезда и неа ја нарекле „K2-18c“.

-Тоа што успеавме да ја измериме масата и густината на „K2-18b“ беше одлично, но кога при тоа откривме уште една планета, тоа беше права среќа и чудо, кажа шефот на проектот Рајан Клотје.

Единствена разлика во однос на земјата, што се однесува до планетата „К2-18b“ и она што за неа се знае, е дека е нешто поголема од Земјата. Постои можност да станува збор за водена планета, што значи дека потполно или во поголемиот дел е прекриена со океан, но со ледена покривка на површината.

Планетата „K2-18c“ е толку блиску до својата матична ѕвезда поради што се мисли дека е премногу врела за живот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top