| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на убиениот Иван: Го одвлекол син ми и викал, „оставете ме да го докрајчам“

Тоа момче го избоде мојот син, немаше милост. Наводно викал “пуштете ме да го докрајчам”, вели Драган Адамов, татко на Иван (16), момчето кое до смрт беше избодено во четвртокот вечерта од една година постариот Н.С. (17).

Тепачката била договорена кај спортскиот центар во Панчево за момчињата си ги одмерат силите. Убиениот Иван бил со уште двајца другари, а Н.С. бил со тројца другари, но тие се тепале „еден на еден“.

– Другарите на Иван, кои биле таму кога е убиен, ми кажаа дека тоа момче го повикал и побарал да се најде со него. Кога се нашле со Иван, почнал да го влече и удира. Го влечел неколку метри, го однел во мрак и го убил. Почнал да вика да го пуштат да го докрајчи, вели таткото на убиеното момче, Драган Адамов за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top