Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во паузата на состанокот на челниците на земјите-членки на ЕУ во Брисел одговара на новинарски прашања. Освен одговорите на премиерот, камерите на Н1 телевизија забележаа еден чуден момент, особена блискост меѓу него и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Додека Пленковиќ разговара со новинарите, Јункер му се приближува одзади, па го штипнува. Иако не се гледа, судејќи по положбата и рекацијата на хрватскиот премиер, прстите на Јункер завршиле на задникот на Пленковиќ. Кога Пленковиќ ќе се заврти, Јункер му праќа бакнеж.
-Жан Клод! Тој инаку сака да се гушка и да се бацува, така што симпатично е ова од негова страна, им појаснува Пленковиќ на новинарите.
Gdje je Juncker štipnuo Plenkovića? 🙂 pic.twitter.com/yeLp4aksUd
— Katarina Brecic (@kbrecic) October 20, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)