Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за утврдување на датум, место на одржување и број на делегати на вонредниот 16 Конгрес на партијата, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНE Христијан Мицкоски.
-Како датум на одужување ги утврдуваме 22 и 23 декември 2017 година, како место го одредувамме Валандово. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука и за бројот на делегати кои ќе учествуваат на овој 16 вонреден Конгрес и нивниот број изнесува 544. Списокот на делегатите ќе биде објавен на веб страната на партијата по завршување на состанокот на Централниот комитет, истакна Мицкоски.
Според информациите, рокот за кандидатури почнува да тече од денес и ќе трае се до 21-ви декември до 15 часот. Кандидатурите се поднесуваат во архивата на партијата од страна на заинтересираните кандидати или од нив овластени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)