| четврток, 6 декември 2018 |

Палестинец избоде Израелец во Ерусалим (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На главната автобуска станица во Ерусалим Палестинец со нож избоде припадник на израелските безбедносни сили.
25-годишниот Израелец доби тешки повреди при нападот, а 24-годишниот палестински напаѓач веднаш бил приведен.

Израелските власти нападот го водат како терористички, а на социјалните мрежи е објавена снимка од безбедносни камери од моментот на нападот. На снимката се гледа момче кое до последен момент крие нож под јакната, а потоа го прободува безбедносниот службеник во градите и бега.

Нападот се случува неколку дека по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Американската одлука предизвика насилства во кои загинаа четворица Палестинци а десетици се повредени. Израелското воено воздухопловство во петокот ја бомбардираше Газа, одговарајќи на ракетирањето на израелските територии од палестинската енклава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top