Законот за јазици, со кој се официјализира албанскиот јазик на целата територија и на сите нивоа, од понеделник влегува во втората финална фаза за негово донесување. Артан Груби вчера ја закажал седницата за амандманска расправа по законот во комисијата за европски прашања откако пред две недели под притисок на Хан беше одложена како неприроитетен закон во европската агенда. Груби како што ни потврди очекува расправата да заврши до 13 декември.
– Ја закажувам сега бидејќи се исполнија условите со прирооритетните Закони се отпочнати, а изборот на јавниот обивнител е на пленарна седница. Очекувам амандманската расправа да трае три дена и на 13 ти да заврши, а потоа и на пленарна седница. Со ова ќе заокружи иплментацијата на охридскиот рамковен договор…“, – изјави Груби
Законот за јазици беше доставен во Собранието како владин предлог под превезот на европското знаменце уште во август. Власта тврди дека не е дел од т.н. Тирнаска платформа, туку дел од имплементацијата на Охридскиот договор која е битна и за евроинтеграциите.
Неговата прва фаза беше прекината откако пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да се спротивстават на процесот говореа долго и со многу реплики, па фати собраниската пауза за локалните избори. За нив, законот е противуставен, воведува двојазичност, а злоупотребено е и европското знаменце. Во втората фаза поднесоа 84 амандмани со кои главно се брише двојазичноста и се унапредува примената на сите јазици на немнозинските етнички заедници. Бараат да се спроведе и јавна расправа со експерти.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера не ни одговорија дали ќе учествуваат на амандманската расправа која ја организира Груби имајќи пред вид дека по притворите за шестемина пратеници не учествуваат во работата на парламентот.
– Расправата ќе тече без разлика дали ќе дојдат, добро е да си ги образложат амандманите и низ дебата да ги убедиме да ги повлечат…вели Груби
Од ДУИ очекуваат законот да пројде без никакви измени во текстот иако на предлогот четири амандмани има поднесено и коалициската СДСМ која тврди дека се усогласени со албанскиот партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.