Кристијано Роналдо синоќа на свечената церемонија во Париз ја доби петтата „Златна топка“ во својата неверојатна фудбалска кариера, достигнување со кое всушност се израмни со Лионел Меси кој исто толку пати го има подигнато најпрестижното индивидуално признание.
Роналдо за време на обраќањето на гала-вечерта посочи дека навистина ќе ужива ако неговата борба со Меси продолжи и во наредните години, но потоа во интервјуто за „Франс Фудбал“ призна дека навистина не очекувал да го израмни Аргентинецот по бројот на освоени „Златни топки“, особено не откако Аргентинецот ја освоил четвртата во својата кариера во 2012 година (тогаш Португалецот имаше само една).
– Не мислев дека ќе можам да го стигнам Меси, бидејќи откако ја освои четвртата „Златна топка“, си помислив дека тоа е компицирано и невозможно. Но ете, работите се менуваат, а фудбалот ти дава шанси да продолжиш да работиш напорно и да ги оствариш своите соништа. Ја имав потребната амбиција за да стигнам до ова, и благодарение на Бога успеав по петти пат, – порачува Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.