Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод денешниот празник Свети Климент Охридски.
„Денес го чествуваме светото дело на големиот просветител Св. Климент Охридски, најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговото вонвременско дело, азбуката Кирилица, денес не е само дел од македонското културно наследство, туку е дел од културата на повеќето словенски народи, дел од европските и светските универзални вредности. Неговото дело е цивилизациски придонес во насока на описменување на цели народи, за што вечно се задолжени не само словенските народи и култури, туку Европа и целиот свет“, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние како народ и како држава сме особено горди што од нашето тло отпочна еден просветителски бран кој останал запишан со светли букви во светската културна ризница. Токму ликот и делото на Св. Климент Охридски и неговиот труд и искрената посветеност се вистински пример за тоа како може да се постигне многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Да го следиме Свети Климент и неговото дело кое е огромно и величествено. Патот на меѓусебно почитување и посветена работа, е пат до успех и благосостојба“, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела! Нека ни е честит и вековит големиот празник – Св. Климент Охридски!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)