| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Секој човек без разлика на политичката определба да застане против политиките на поделбите

Маршот за „Заеничка Македонија“  траше околу 80 дена.  Огромна беше поддршката од граѓаните кои чекореа мирно. Нивното срце биеше само во еден ритам – да се зачува Унитарноста на Македонија. На 13 ти Март, еден од војводите на ова движење, Богдан Илиевски ги повика граѓаните да се приклучат и храбро да кажат „ДА“ за ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА на сите граѓани кои живеат во неа

-Да дојде тука меѓу нас, меѓу сите кои не сакаат поделби, федерализација, промена на сонцето кое ги грее сите подеднакво .Јазикот на кој сите се разбираат, химната на војводите кои го напишаа и Крушевскиот манифест. Манифест на толеранција и соживот со комшиите. Манифест на обединување пред злото кое не демнело сите. Секој човек без разлика на политичката определба или етносот има одговорност да застане против политиките на поделби и политиките кои никогаш не носеле добро на Балканите рече Богдан

Илиевски гласно ги искажа барањата на сите луѓе кое маршираа по улиците низ цела Македонија:

-Овде живее горд народ, силен народ, олучен народ кој со исправена кичма кажува „Некои прашања не заслужуваат дебата„ туку јасен и гласен одговор. „НЕ“ за платформи кои ја уништуваат земјата, „ДА“ за македонска платформа која ќе ги брани интересите на сите жители на Македонија. „НЕ“ за федерализавција и двонационална држава. „ДА“ ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА на сите граѓани кои живеат во оваа земја и кои и мислат добро говореше Илиевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top