Бакингамската палата има многу строг дрес код кај жените од кралското семејство кој забранува во јавност да се покажуваат голи колена, бидејќи за нив тоа е непримерно.
Меѓутоа тоа не ја спречи Кејт Мидлтон да прошета низ Лондон во мини фустанче во кое нејзините забранети делови на телото се јасно изложени.
Дали во ова издание воопшто ја прекршила забраната?
Имено, иако војвотката ги покажала колената, нејзиниот аутфит не бил непримерен, бидејќи на себе имала и чорапи. Откриените колена се забранети само кога се голи или со проѕирни најлон чорапи, па Кејт не треба да се плаши од негодувањето на кралицата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.