Македонската опера и балет вечерва на репертоарот ја има „Набуко“ од Џузепе Верди. Диригент е Иван Еминовиќ, режија Огњан Драганов (Бугарија), Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Тања Медарова-Стојановска, Асс. Диригент : Катерина Стојковска, Асс.режисер:Трајко Јордановски, Концерт-мајстор, Асс.хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска, Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов.
Настапуваат:
Набуко: Ристе Велков
Абигаиле: Павлина Новакова-Георгиев
Фенена: Ирена Кавкалевска
Исмаил: Зоран Сотиров
Захарие: Иван Томашев (Србија)
Големиот свештеник: Диме Петров
Ана: Марија Наумовска
Абдало: Зоран Даскаловски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлинa Здравкова
„Набуко“ е опера во четири чина од Џузепе Верди.
Ерусалим и Вавилон, 587 година пред н.е. Вавилонските сили напредуваат кон Ерусалим. Но Евреите се закануваат дека доколку нападот продолжи, ќе ја убијат Фенена една од ќерките на Набуко. Исмаел, еврејски благородник и капетан, тајно е вљубен во Фенена и кога Захарие се обидува да ја убие тој ја спасува. Исмаел ја ослободува Фенена, а Вавилонците го уништуваат Ерусалим.
Во отсуство на Набуко, Абигаиле (незаконска ќерка на Набуко – вљубена во Исмаел) планира да го превземе престолот.. Набуко кој привремено е онеспосопбен од удар на гром, доаѓа на себе, се враќа во Вавилон и повторно ја превзема власта. Абигаиле умира, а Захарие го прогласува Набуко за крал на кралевите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.