| четврток, 6 декември 2018 |

Џоли: Бев сигурна дека ќе го спасам бракот со Бред Пит, но не успеав (видео)

Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во септември минатата година, а за нивното раскинување се зборуваше со месеци. Иако во почетокот беа воздржани, сепак со тек на времето и двајцата ја отворија душата на медиумите и јавно зборуваа за тоа колку им бил тежок крајот на бракот.

Џоли призна дека се обидувала да го спаси својот однос со Бред Пит на различни начини, а била сигурна дека еден навистина ќе даде резултати. Таа сметала дека заедничката работа на филм ќе ги реши проблемите кои ги имале во бракот.

Токму затоа во 2015-та година го напишала сценариото и ја режирала драмата „Покрај морето“ во кое тие двајца ги имаат главните улоги. Ова постигнување е базирано на личните брачни проблеми на Анџелина и Бред.

-Ние се запознавме додека работевме заедно и ни одеше добро. Сакав да направиме нешто сериозно. Мислев дека тоа би било одличен начин да комуницираме. Така и беше на еден начин, а на друг барем научивме некои работи. Сепак ни беше тешко поради ситуацијата која продолжи.

И покрај тоа што не успеале во намерата да го зачуваат својот брак, таа тврди дека соработката во споменатиот проект била добра работа.

-Мило ми е што го направивме тој филм, затоа што истражувавме заедно. Можеби не среди некои работи, но имавме комуникација која беше потребна да ја имаме, изјави Анџелина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top