| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа: Како стана терорист човекот кој ги водеше најуспешните полициски акции?

Голем професионалец кој целиот работен век го поминал во безбедносносните институции на Република Македонија – ќе го опишат Митко Чавков оние кои го познаваат, човек со богата биографија, кој работел како инспектор, началник и директор на Бирото за јавна безбедност.

Денес, овој човек кој целиот работен век и го посветил на полицијата и спровел десетици успешни полициски акции од голем калибар е обвинет за тероризам и се наоѓа во притвор.

Чавков е роден на 24 јануари 1963 година во Ново Село, Струмичко. Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје, а магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Од струмички инспектор до министер за внатрешни работи

Својот работен ангажман во МВР, Митко Чавков го почнува како инспеткор во УБК во Струмица, подоцна станува началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, дел од својата кариера ја поминал и како инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.

Митко Чавков се искачува во хиерархијата во МВР скалило по скалило. Него никој не го „црпнувал“ за да го донесе до висока позиција. Откако се истакнува со својата работа во СВР Струмица, Чавков станува и главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР.

Минувајќи неколку скалила во централата на МВР докажаната професионалност го носи и на местото началник на Одделот за организиран криминал, каде останува се до 2012 година, кога е поставен за прв човек на Централните полициски сили, место од кое во 2013 година станува директор на Бирото за јавна безбедност, позиција која ја извршува до 13 мај 2015 година, кога станува на министер за внатрешни работи, функција на која останува до 11 ноември 2015 година.

Најуспешните акции на Чавков

Во својата кариера Чавков има над 100 полициски акции со кои се разбивале големи криминали. Во јавноста, токму овие негови успеси со кои некому бил трн во око се прикажуваат како главна причина зошто денес тој е апсен. Ви ги издвојуваме најуспешните акции кои ги водел додека бил на функција во безбедносните институции.

„Планинска бура“

На 7-ми ноември 2007 година, специјалните сили на македонското МВР, ја спроведоа акцијата шарпланинското село Бродец над Тетово, со која беше елимирана опасноста од терористичко-екстремистичка криминална група од Косово, која се закануваше со рушење на мирот и стабилноста во Република Македонија. Чавков во оваа акција учествуваше како прв човек на Одделот за организира криминал. Акцијата беше добро подготвена по неколку месечните провокации на терористичко криминалните групи од Косово на подрачјето на тетовско. Во акцијата дојде до жестоки престрелки помеѓу полицијата и екстремистите. Во акцијата беа приведени 12 терористи, а беше запленето голлемо количество тешко огнено оружје, кое според полициски извори било доволно за вооружување на 150 лица и за водење на повеќе месечни вооружени броби.

„Половина тон кокаин“

Чавков беше еден од клучните оперативци на МВР кои учествуваа во акцијата за заплена на половина тон кокаин во случајот со Чочоровска, каде што беа запленети најголемите количини на чист кокаин од 486 килограми во вредност од 100 милиони евра. Во знак на признание за успешно спроведената акција и постигнати резултати на Одделот за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи му е доделена благодарница и парична награда од регионалниот центар за борба против прекуграничен криминал СЕКИ. Тоа беше период во кој МВР го сузбиваше криминалот и шверцерите со дрога, сосема спротивно од едно друго време во 1997 година кога исчезнаа 38 килограми кокаин од просториите на Министерството за внатрешни работи со кое раководеше Томислав Чокревски, од СДСМ, и тогаш како и сега кога со МВР раководи СДСМ криминалитет е воочлив и видлив, сите зборуваат за криминалот и неговите сторители, само МВР молчи и не превенира.

„Босфор“

Акциите за заплена на дрога беа редовна работа на МВР, додека Чавков беше прв човек на Одделот за организиран криминал. Доказ за тоа е и акцијата „Босфор“ која беше реализирана во повеќе продолженија за сузбивање на меѓународните канали за криумчарење на хероин од блискиот и среден исток во Европа при што беа запленети стотици килограми на хероин и други видови наркотици.

„Диригент“ – Сузбивање на Франкфурт мафија

Борбата со Франкфурт мафијата беше една од успешните акции на Одделот за организиран криминал. Со операцијата Диригент, реализирана во Македонија, Германија и Автсрија беше елиминирана оваа група која се занимаваше со перење на пари и трговија со дрога во Западна Европа.

„Поткуп“

Еден од најголемите „гревови“ на Митко Чавков поради кој тој се наоѓа во притвор е акцијата на МВР против Зоран Заев, тогаш градоначалник на Струмица, за аферата барање поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов за легализација на градежно земјиште од 2 евра по метар квадратен. Криминал за кој постои и видео снимка од која јасно се гледа како Заев бара мито. Случајот „Поткуп“ влезе во судските лавиринти, беше поткрената постапка за очевиден криминал, но неговата партиска функција, како лидер на опозициска партија го спаси Заев од ефективна разрешница. Имено две години како Заев си поигрува со правдата и правосудниот систем во државата, ги одложува судските рочишта против него со најбанални изговори кои му беа прифаќани од судот. Случајот поткуп во кој се откри вистинското криминалнио лице на Зоран Заев, откривањето на неговиот криминален карактер, кој од видеото јасно се воочува е „гревот“ на Митко Чавков и монтираните случаи против него. Од оваа видео целата македонска јавност јасно слушна кој е начинот на работа на Зоран Заев. Криминалот и поткупот се редовна пракса кај овој човек кој сега е премиер на државата.

„Монструм“

Случајот „Монструм“ во кој беа убиени 4 млади момчиња и еден рибар на 12 април во 2012 година на ден Велики Четврток пред Велигден и кој заврши со судска разрешница сега со доаѓањето на новата власт на СДСМ со одлука на Врховен суд се повторува судењето, а затворените се пуштени од затвор.

„Диво Насеље“

Акцијата за сузбивање на терористите од кумановско Диво Насеље е уште една во која учество зема Митко Чавков, овој пат како директор на БЈБ. Во акцијата беше разбиена 40 члена терористичка група, која на територија на Македонија е дојдена од Косово и имаше за цел организирање на неколку терористички дејстивија во Република Македонија на повеќе настани од голем калибар каде се собираат поголем број на луѓе, една од метите на терористите доколку не беа сузбиени ќе беше и скопскиот маратон, на кој секоја година се собираат илјадници граѓани.

Во светот луѓето како Чавков добиваат ордени, во Македонија притвор за тероризам

Митко Чавков е обвинет за настаните од 27-ми април во македонското Собрание, кога разгневена толпа луѓе, кои повеќе од 80 дена мирно протестираа на македонските улици иритирана од нелегалниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пеењето на химна на туѓа држава и редица други можеби смислени провокации влета во Собранието при што беа повредени неколку пратеници.

Претставниците на власта го обвинуваат Чавков дека не превзел се што е потребно за спречување на толпата, но Чавков по настанот детално во неколку телевизиски интервјуа даде објаснување што точно се случуваше на тој 27 април.

Чавков во интервју на Сител рече дека лидерот на тогашната опозиција Заев имал сознанија за настаните и затоа развиле проценки со Ахмети да не биде во Собранието тој ден.

За обвинувањата на Нухиу дека Чавков неможел да го добие на телефон Чавков во интервју на Тв Нова образложи што се случувало во тој еден час.

-Во тој еден час немав комуникација со Нухиу. Мојата комуникација беше со клучните луѓе одговорни за донесување на одлуки и насоки за прегрупирање на силите со кои располагаме со цел попречување на крвопролевањето и да ги заштитиме животите на сите што беа во Собранието. Има докази дека полицијата во тој период била активна, дека ги применувала своите овласувања, дека има повредени граѓани и полицајци во моментот на пробивање на кордонот, подвлече Чавков.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top