Би – Би- Си објави кусо видео под наслов „Зошто Ерусалим е толку важен?“ во кое зборува дека тој свет град од дамнина се наоѓа во срцето на израелско-палестинскиот спор. Британскиот јавен сервис наведува дека толку пати сме виделе како и најмала промена врзана за овој град доведува до судири. Затоа, што се случува овде, е многу важно, наведува новинарката на Би – Би- Си.
Ерусалим пред сѐ, има огромно религиско значење. Во него се најстарите светилишта и на евреите и на муслиманите и на христијаните. Но, тоа значи и дека има политичко значење.
Ерусалим Израелците го сметаат за своја најстара неподелена престолнина. Кога во 1948 година е формирана државата Израел, главните функционери на власта биле сместени токму во Ерусалим. Но, дури во војната со арапските земји во 1968 година израелските власти успеале под своја контрола да го стават и источниот дел на Стариот град, кој подоцна беше и анексиран.
Таквиот потег на Израел не доби меѓународно признание, што посебно ги фрустрираше израелските власти.
А што велат Палестинците? Секако, тие имаат друго мислење. Сакаат источен Ерусалим да биде нивна престолнина и тоа е точка на спорење на повеќедецениските мировни преговори меѓу Израел и Палестина, во кои главен збор до сега имаше САД.
Сега, кога американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го признае Ерусалим за престолнина на Израел се ќе биде поинаку.
Смислата на досегашните напори да се реши вековниот спор така што ќе се оформи палестинска граница и држава на границите на Израел според распределбата на територии од 1967 година, сега стануваат бесмислени, сметаат историчарите.
BBC потсетува дека третина од жителите на Ерусалим се од муслиманска вероисповест, а многумина потекнуваат од со векови стари фамилии кои таму живееле. Најголемиот судир доаѓа околу изградбата на еврејски куќи во источен Ерусалим, што Палестина го смета за нелегално и спротивно на меѓународното право, а Израел не се сложува.
Меѓународни функционери со години го застапуваат ставот дека кој и да е промена околу Ерусалим мора да се донесе со преговори меѓу двете страни и мора обострано да се прифати. Затоа многу земји своите амбасади ги сместија во Тел Авив, а во Ерусалим имаат конзули.
Palestinians burn photos of US President Donald Trump ahead of his Jerusalem al-Quds announcement#FreePalestine pic.twitter.com/xJf77AOQL0
— Press TV (@PressTV) December 6, 2017
Еден претседател сега ќе го смени тоа. Имено, Трамп е упорен амбасадата на САД да ја смести токму во Ерусалим, а таа одлука треба да ја донесе денеска. И најавата за такво нешто предизвика бурни реакции меѓу светските лидери. Најостар беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој рече дека ако тоа се случи, тогаш Трамп ќе ја пречекори турската црвена линија.
Од Белата куќа најавено е дека Трамп денеска ќе ја соопшти одлуката, а како што стојат работите со преселувањето на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел. Што ќе биде потоа, којзнае. Трамп не го интересира. Ни тоа дека Палестинците веќе ги палат неговите фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)