Попладнево пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Арнаудов беа однесени во истражниот затвор во Шуто Оризари, додека Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски беа однесени во своите домови во домашен притвор. Хунтата под водство на Зоран Заев и Оливер Спасовски продолжи со притворање на сите кои не размислуваат и кои не се плашеа гласно да се спротивстават на антидржавните политики што ги спроведува СДСМ.
–Денешниот ден ќе биде запишан во историјата како ден во кој што хунтата на Зоран Заев притвори шест народни избраници. Пет проценти од собранискиот состав е во притвор. Ова не е демократија! Ова е тиранија. Денеска беа притворени пратениците Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. На дел од нив им е изречен домашен притвор, а на дел ефективен и уште вечерва се префрлени во истражен затвор. Народни избраници се испраќаат во притвор, а осудени убијци и терористи се ослободуваат. Судот, под притисок на хунтата на лица кои убија пет момчиња и треба да одговараат за тероризам им изрекува мерка да се јавувале два пати во неделата, а нивни познаници се уште се во бегство, истакна вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


