Украинските приврзаници на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили го ослободија од полициското комбе, по неговото притворање под сомнеж дека ѝ помагал на криминална организација што предизвика судири со полицијата во центарот на Киев.
Речиси 200 приврзаници на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили излегле на улиците, ги блокирале и поставиле барикади во самиот центар на престолнината на Украина, за да го ослободат, пренесува Russia Today.
Девятерых задержанных сторонников Саакашвили доставили в управление полиции, на данный момент часть из них уже отпустили.https://t.co/2NZFiGuMh9
— Громадское (@HromadskeRU) December 5, 2017
Полицијата користела солзавец против демонстрантите, бидејќи спречувале Сакашвили да биде одведен на испрашување. Тие барале уапсениот поранешен претседател на Грузија да биде ослободен.
Вырванная брусчатка и остатки баррикады. Так сейчас выглядит улица Трехсвятительская, где было заблокировано авто с задержанным #Саакашвили .https://t.co/iX7osPi2Hx pic.twitter.com/myb4OlSsVK
— Громадское (@HromadskeRU) December 5, 2017
Демонстрантите ја скршиле вратата на полициското возило и го извлекле Сакашвили. Потоа го оделе во црквата во близина, каде тој им се обратил на своите приврзаници.
Сакашвили, обраќајќи им се на насобраните, повикал на нов “Мајдан” и започнување на процес за ослободување на Украина. Исто така, го повикал да го урнат актуелниот украински лидер Петро Порошенко и “неговата банда”.
-Бандата на Порошенко, денес под лажни обвиненија се обидува да ме уапси и да ме исфрли од Украина. Ќе го дадам својот живот за слободна Украина. Сакам да ги повикам сите граѓани на Киев да излезат на улица, да се соберат на Мајдан и да го започнат процесот за спасување на Украина од Порошенко и неговата банда, рекол Саакашвили.
Посольство США в Украине призвало снизить напряжение и избегать насилия в центре Киева в связи с ситуацией вокруг экс-главы Одесской ОГА, лидера партии «Движение новых сил» Саакашвили.https://t.co/x76Bzfx9vU
— Громадское (@HromadskeRU) December 5, 2017
Тој додал дека треба да се оди во парламентот и да се бара импичмент на претседателот на Украина. Демонстрантите се движат кон Врховното собрание, скандирајќи “Миша, Миша”, “Банда надвор” и “Украина”.
Неколку луѓе биле повредени во судирите меѓу демонстрантите и силите за безбедност. Демонстрантите поставиле гуми, канти и стапови за да го блокираат возилото.
Една жена била уапсена бидејќи го скршила прозорот на полицискиот автомобил.
Државниот обвинител на Украина, Јуриј Лученко, во текот на говорот во Врховното собрание го обвинил Михаил Саакашвили за организација на митинг со парите на Јанукович.
Според зборовите на Лученко, целта на демонстрациите е смена на државната власт. Обвинителот изјавил дека акциите на Саакашвили ги финансирале претставници на поранешниот претседател на Украина, Јанукович, меѓу кои и бизнисменот Сергеј Курченко.
Според зборовите на Лученко, луѓето на Саакашвили добиле околу половина милион долари за тие акции.
На почетокот на денешниот ден, поренешниот претседател на Грузија и гувернер на украинскиот регион Одеса, бил уапсен. Тој се заканувал дека ќе скокне од кровот на својата куќа, додека силите за безбедност му го пребарувале станот.
Потоа полицијата го одвела под обвиненија дека е припадник на криминална организација и дека сака да ја урне власта во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)