Полициски специјалци попладнево упаднале во домот на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, и го уапсиле затоа што бил вмешан во тероризам, дознава „Република“ од полициски извори.
Нашиот извор вели дека градоначалникот кој доаѓа од редовите на СДСМ е уапсен затоа што на денешната седница на општината ги поддржал советниците од ВМРО-ДПМНЕ во терористичкиот акт „пеење на македонска химна“.
Имено, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Ѓорче Петров ја прекинаа седницата на Советот и во знак на солидарост со притворените за упадот во Собранието на 27 април ја испеаја химната.
-Има други луѓе кои го прекршија Уставот, а ги водат институциите. На овој начин сакаме да изразиме солдарност со уставо-бранителите и да извршиме „терористички акт“ пеејќи ја химната – рече советничката Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во терористичкиот чин им се придружи градоначалникот од СДСМ, Алекандар Наумовски, за што постои и јасен видеозапис кој може да го видите во прилог. Овој видеозапис, бил клучен доказ, поради кој обвинителството побарало притвор за Наумовски.
– Терорист си е терорист, независно од која партија доаѓа. Кој пее зло не мисли, ама терорист станува. Тоа си е така и така ќе биде додека не ги испоуапсиме сите. Ние не ги делиме луѓето на припадници на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ. Ако пееш македонска химна, ти си терорист, законот важи еднакво за сите, велат од Основното јавно обвинителство, од каде додаваат дека за Наумовски нема да следува слична казна како и за оперскиот пејач Игор Дурловски, затоа што не е светски познат и малку фалшира. Иако го направиле истото кривично дело, Наумовски ќе треба да плати и глоба за фалширање на националната песна.
Република успеа ексклузивно да стигне до клучниот доказ поради кој е уапсен Наумовски. Видеото поради кое него му се заканува затворска казна од минимум 10 години.
Луди Чифут
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.