| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца застрелани – епилог на вчерашното пукање во Шутка

sutka

Двајца ранети е епилогот од вчерашниот инцидент кој се случил околу 17 часот, на улица во скопската населба Шуто Оризари.

Полицијата извести дека во критичното време почнала расправија меѓу Р.Д., Д.Р. и Ш.Д. од една, и Н.З. и неговиот братучед С.З.од друга страна, сите од Скопје. Во еден момент, Р.Д. со пиштолот што го поседувал без дозвола испукал неколку куршуми кон Н.З. и С.З.. Од оловните зрна, Н.З. е ранет во десното колено, додека С.З. бил погоден во десниот колк. Повредените биле пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ каде што се задржани на лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top