| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во зградата: Поранешниот претседател се заканува дека ќе се фрли од кровот доколку го уапсат (видео)

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили утринава главна тема на сите светски медиуми. Тој се закануваше дека ќе се фрли од прозорот на неговиот стан во Киев, Украина, додека полицијата вршела претрес во неговиот стан.

Утринава полицијата ја скршила вратата од неговиот дом и упаднала внатре. По што тој избегал на кровот и се заканил дека ќе се фрли.

– Тие сакаат да ме киднапираат затоа што јас се кренав да го заштитувам украинскиот народ – извикувал Саакашвили од кровот на зградата.

По настанот полицијата го приведе Саакашвили кој ќе биде испрашувун за корупција. Инаку поранешниот претседател на Грузија во 2015 се откажа од неговото државјанство и зеде државјанство на Украина. Каде беше градоначалник на Одеса до 2015.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top