фото: А1Он
Во струшкото село Лабуништа ќе биде поставено 25-метарско државно знаме на Албанија. Постаментот и бетонската подлога каде што ќе биде поставено знамето веќе се направени. Знамето, според информации на „А1он“, треба да биде поставено деновиве, но се чекало доаѓањето на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој треба да присуствува на свеченост кога знамето ќе биде подигнато.
Албанското знаме, според кажувања на жители на Лабуништа, требало да биде поставено пред изборите, но било одложено за после изборите. Лабуништа е поранешна општина во која 90 процнети од населението се Македонци муслимани, односно Торбеши, кои во голем дел се членови и активисти на најголемите албански партии ДУИ и ДПА, потсетува „А1он“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


