| четврток, 6 декември 2018 |

Албанско знаме закачено на граничниот премин „Богородица “

Утрово на влезот во Македонија од грчка страна на граничниот премин Богородица, грбот на Република Македонија од знакот беше покриен со албанско знаме. По протестите пред домовите на пратениците на СДСМ, палењето возила, расфрлањето на летоци, испишувањето на графити со навредлива содржина, се поставува прашањето дали е ова уште една акција на опозицијата во знак на протест.

Во предлог законот ги нема двојазичните банкноти, амблеми на војската ниту двојазичните хартии од вредност. За нив ќе решава Венецијанската комисија и доколку таа позитивно се произнесе, тие дополнително ќе бидат вградени.

Сепак во општините каде што Албанците се над 20 отсто, униформите на полицијата, пожарникарите и здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе стојат културни елементи на Албанците, но не текст на албански јазик.

Мислењето на Венецијанската комисија не е обврзувачко, но доколку таа негативно се произнесе, тоа нема да биде добро за угледот на Законодавниот дом, вели универзитескиот професор Осман Кадриу.

 

извор: front.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top