| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавен подвозникот во Сарај

Поплавување на подвозникот во висина од еден метар е регистриранo во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, соопшти Републичкиот центар за управување со кризи.

Поплавувањето е последица на дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и канализација.

Поради обилните врнежни од дожд и честите одрони на неколку патни правци сообраќај не се одвива или се одвива отежнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top