Трката, која традиционално се одржува по повод Денот на езерото, годинава ќе се одржува под мотото „Заобиколи го езерото, почитувај го езерото‘‘.
Новина за оваа година е што за учество во трката ќе се уплаќаат по 150 денари партицијапција, а средствата од трката ќе бидат наменети за хуманитарни цели, како помош за ранливите категории граѓани во општина Охрид.
Стартот на трката е предвиден за 11 часот, а предвидената маршрута води од Охрид преку Струга, Калишта, Ќафасан, Лин, Поградец, Љубаништа, Трпејца, Пештани, назад до Охрид. Учество во трката најавија и градоначалниците на Охрид, Поградец и Струга, кои и лично со велосипеди ќе учествуваат во дефилето низ охридските улици, со што симболично ќе биде означено почнувањето на проектот „Критична маса – велосипедистите во сообраќајот“.
Иницијативата за тој проект потекнува од 1992 година во Сан Франциско кога група од триесетина велосипедисти со дефиле низ градските улици го кренаа гласот против возачите на моторните возила.
Иницијативата масовно е прифатена во светот, а во Македонија веќе се спроведува во Скопје и во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.