| четврток, 6 декември 2018 |

Фолк дива: Елена Велевска со приватен авион пристигна на фолк-фест „Роса” (видео)

Фолк-поп пејачката Елена Велевска вчеравечер настапи на фестивалот „Роса“, а за да стигне навреме на настапот, продукцијата што стои зад неа ѝ обезбеди приватен авион од Софија до Скопје. Велевска привлече големо внимание на 18 издание на фолк-фест „Роса“, каде што ја испеа песната „Прва во сè“. Песната е авторско дело на Љупче Василев, кој ги направи музиката и текстот, а аражманот е на Артан Кастрати.

Фолкерката Велевска, која важи за една од најплатените и најбараните пејачки кај нас, не штеди ни кога треба да го поднови својот возен парк таа неодамна на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира со еден од најновите модели на автомобилите „Мерцедес“, а неговата основна верзија изнесува преку 100.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top