Познатата пејачка и актерка, Селена Гомез годинава се соочи со ретката болест Лупус, а како резултат на неа имаше потреба од трансплатација на бубрег.
Сепак, тоа не ја спречи да продолжи со работата, а магазинот Billboard ја награди со титулата „Жена на годината“.

-Ретко е да се најде некој кој ги користи своите искушенија и страдања за да направи другите да се чувствуваат посилни, рече Ел Фанинг најавувајќи ја Гомез на церемонијата.

Наградата и ја додели нејзината најдобра другарка Франсиа Раиса која воедно го донираше својот бубрег за Селена.
-Кога дознав дека можам да бидам донатор за Селена, не размислував два пати за тоа, изјави таа.
По прифаќањето на наградата, 25-годишната пејачка со солзи во очите истакна дека Франсиа Раиса треба да ја добие таа награда, бидејќи таа и го спасила животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


