Откако ги собрала своите работи од станот во Торонто во кој живеела последниве 7 години, Меган Маркл пристигнала во Лондон и започнала со уредување на домот во кој ќе ужива со вереникот, принцот Хари.
Парот ќе живее во куќата која го носи името Notthingam Cottage, а се наоѓа во склоп на Кесингтонската палата, во која до неодамна живееле принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.
Станува збор за куќа од темни цигли, која има посебен влез и градина и опкружена со бела огруда, како и зеленило.
Внатрешноста на домот не е достапен за јавноста, но се претпоставува дека е уреден по стар англиски стил, препознатлив по користењето цигли и рустични елементи, во кои доминира дрво.
Со пространата дневна соба се надоврзуваат трпезаријата и кујната, куќата има и голема спална соба и додатна гостинска соба, а за да нема кавги околу тоалетот, во куќата има два.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)