СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишниот З.К. и 16-годишниот Б.И. двајцата од Скопје, поради разбојништво.
Во периодот од 18. до 28 – ми овој месец во вечерните часови, пријавените ги извршиле делата на подрачје на Карпош и Центар и се стекнале со околу 30.000 денари.
Две разбојништва извршиле на автобуска постојка кај Трговскиот Алуминка и по едно на улицата Дрезденска, на паркинг просторот позади зграда на улицата „Даскал Камче“ и на улицата „Димитрије Чуповски“.
На 27.11. околу 18.00 часот, во непосредна близина на Сити Мол пријавените биле легитимирани и лишени од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.