| четврток, 6 декември 2018 |

Романите „Зима во лето“ и „Америка, Америка“ објавени на англиски јазик

Во издание  на „Грифим прес“ и „АЕА издавачи“ од Мелбурн, со подршка на Националната библиотека на Австралија на англиски јазик излегоа од печат романите „Зима во лето“ и „Америка,Америка“ од познатиот македонски писател, Божин Павловски. Делата се во превод на Џим Томев и Елена Чијаварела. Уредник и редактор на изданијата е  Бредли Доусон, а дизајнот го направи ликовниот уметник Џеки Линч.

Божин Павлосвки е автор на деветнаесет романи,високо вреднувани од страна на литературната критика. Негови дела се преведени на: англиски, грчки, полски, украински, турски, албански, српски, словенечки, бугарски, руски, француски, чешки, италијански и др.јазици. Добитник е на национални и меѓународни признанија, меѓу кои на државната награда „11 Октомври“ за животно дело и Интебалканската награда на Солун, Република Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top