Свршувачката на британскиот принц Хари со американската актерка Меган Маркл поттикна најразлични реакции од целиот свет, но принцот Вилијам дефинитивно ја заслужува наградата за најдосетлив коментар.
Војводата од Кембриџ одговараше на новинарски прашања и прво почна со честитка:
-Многу сме возбудени и радосни за нив и ја посакуваме цела среќа во овие возбудливи времиња!
И потоа следеше коментарот на годината:
-За мене лично, се надевам дека ова значи дека ќе се држи подалеку од мојот фрижидер и ќе престане да ми зема од храната, како што правеше во изминативе неколку години!
Принцот Вилијам не претерува со изјавата: во текст објавен во „Newsweek“ во почетокот на годинава, Вилијам откри дека помладиот брат „често свраќа во нивниот стан во Кенсингтонската палата каде Кејт му прави нешто за јадење, а наводно печено пиле му е омилено.“
Интересно е што Хари ја запросил Меган дома во Кенсингтонската палата додека „се обидувале да печат пиле“. Ова значи дека желбата на Вилијам почнува да му се исполнува.
Ова не значи дека браќата ќе се гледаат поретко. Хари и Меган, чија свадба е закажана за во мај, 2018 година, ќе живеат во Нотингем Котиџ во кругот на Кенсингтонската палата, што значи дека ќе бидат соседи со Вилијам и Кејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)