| четврток, 6 декември 2018 |

Празничната магија во Белата куќа (видео)

Прекрасна е, како ангел“, е коментарот на едно детенце за првата дама која ги дочека во Белата куќа, за да ја видат празничната магија.

Меланија Трамп во бел минималистички фустан од „Диор“, во комбинација со златен ремен и златни салонки, ги дочека најмалите и ги се потруди да биде ден што ќе го паметат засекогаш.

Од Белата куќа за медиумите изјавија дека првата дама лично ја осмислила декорацијата и го одбрала секој детаљ во неа.

За магичната атмосфера, придонесоа и ангажираните балерини на „The Nutcracker Suite“.

Годинава темата е традицијата и секоја соба е омаж на американската традиција, вклучувајќи ја и галеријата од претходните претседатели.

„Кои се вашите планови за Божиќ?, Го напишавте ли писмото до Дедо Мраз?, Имате ли миленичиња дома“, се дел од прашањата што Меланија им ги постави на најмладите гости во Белата куќа, додека ги шеташе низ Сината, Зелената, Црвената соба…