| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Стефановски негира дека е уапсен – медиумите пренесуваат лажни вести

Поранешниот директор на Фондот за здравство Сашо Стефановски, не е приведен во полициска станица. Информацијата која претходно беше објавено од интернет порталите е неточна.

Стефановски се јави во редакцијата на Република и потенцираше дека воопшто не е точна информацијата дека тој е приведен во полициска станица. Според него очигледно станува збор за тенденциозно пласирање на лажни вести, т.н. „фејк њус“.

Инаку, како што веќе објави Република, утринава уапсени беа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, велешанецот Горан Ангелов, претседател на здружението „Ќосето“, докторот Љубен Арнаудов, пратеникот Крсто Мукоски и пратеничката Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски и оперскиот пејач Игор Дурловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top