Проектот „Фондот поблиску до пензионерите“ предвидува одржување на 30 едукативни работилници низ Република Македонија на кои стручни лица ќе имаат можност пред претставници на сојузите на пензионери во секој од тие 30 града, каде Фондот има подрачни служби, да ги претстават и да ги едуцираат пензионерите за нивните права од здравствено осигурување и да одговорат на нивните дилеми.
Ова денеска го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефаноски, кој заедно со директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани се сретнаа со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски и претставници на Сојузот.
-Ова е исклучетелно важен проект затоа што пензионерите се една од најголемите категории по број на осигуреници во Република Македонија. Повеќе од 300.000 пензионери се корисници на здравствено осигурување и од тие причини се посветуваме максимално и се фокусираме со работата кон оваа таргет група за пензионерите да остварат што повеќе права од здравствено осигурување, рече Стефаноски.
Посочи дека годинава предвидуваат во определените подрачни служби околу пет илјади пензионери да дојдат на работилниците и да се распрашаат за нивните права. За пензионерите, нагласи, имаме и други проекти кои се во програмата за работа на Фондот и на Владата, како што е олеснувањето за добивање терапија во аптеките.
-Се што работиме и се што е цел на нашата работа е да го олесниме движењето на пензионерите во здравствениот систем и нивно полесно добивање здравствена услуга. Согласно податоците на соодветните институции и последните статистики, просечниот животниот век е зголемен и изнесува 76 години, што се рефлектира на здравствените политики и планирањето на финансиските сретства за обезбедување на сите потребни лекови и медицински сретств, додаде Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.