Ветераните на ОНА бараат да имаат ист статус како и бранителите од конфликтот во 2001ва. Во иизјава за ТВ 21 тие говореа за ова прашање.
За реализирање на барањето на воените ветерани од редовите на ОНА и семејствата на загинатите борци, потребна е политичка волја и работа по институционален пат, смета Хазби Нуредини, иницијатор за составување на нов предлог закон за оваа проблематика, пренесува во понеделникот телевизијата ТВ21.
Законот би требало да го уреди социјалното осигурување, предноста за добивање стан за најзагрозените категории, школување на нивните деца и предност за вработување, предлага Нуредини.
Нуредини, кој и самиот учествувал во воените судири со државните безбедносни сили пред 16 години во Македонија, вели дека со новиот закон што го бара воените ветерани и семејствата на паднатите борци од ОНА би добиле еднаква поддршка како и бранителите од редовите на македонската војска и полиција.
Но, Бесим Хода, претставникот на здружението на воените ветерани на ОНА, вели дека не гледа потреба од носење на нов закон, туку само измени во постоечкиот закон.
Решение за статусот на воените ветерани, според Хода, е постигнувањето компромис меѓу албанската и македонска страна, што би било во интерес на сите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)