| четврток, 6 декември 2018 |

Клуб испадна од лига, навивачите го демолираа стадионот (Видео)

На бразилскиот тим Понте Прета му беше потребна победа на домашен терен за да се обиде да се спаси од испаѓање од елитното друштво. Мечот започна одлично за домаќините, кои поведоа со 2:0, но потоа останаа со играч помалку по добиениот црвен картон на Родриго.

Гостинскиот тим на Виторија успеа да направи целосен пресврт и во 83 минута имаше водство од 3:2. Тогаш збеснаа домашните навивачи, кои едноставно не можеа да се помират со фактот дека нивниот клуб ќе испадне. Ја искршија оградата и втрчаа на теренот. Сите играчи избегаа во соблекувалните, освен голманот на домаќините, кој мораше да се расправа со гневните навивачи.

Подоцна фановите на домашниот тим почнаа да ги демолираат трибините, па мораше да реагира и полицијата. За среќа инцидентот заврши без никој да биде посериозно повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top