Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и експремиерот Никола Груевски развивале посебна нуклеарна програма која била стационирана во отпадот „Дрисла“, откри новиот градоначалник Петре Шилегов.
– Буричкајќи во „Дрисла“, откривме шокантни сознанија. Поранешната власт развивала нуклеарна програма, на самото место затекнавме научници од Иран и Северна Кореја кои работеа на нуклеарките. По разговорите со премиерот Заев, утврдивме дека овие нуклеарки биле наменети за минирање на Тиранската платформа и договорот со Бугарија – изјави Шилегов за ТВ Телма.
Минатата недела градоначалникот даде вистинита изјава, со која ја шокира македонската јавност. Тој изјави дека на „Дрисла“ се согорувал нуклеарен отпад. Запрашан од новинарката како е можно да се согорува нуклеарен отпад, кога тоа е невозможно по законите на физиката, Шилегов одговори:
– Ете како е возможно да се согорува нуклеарен отпад. Ајнштајн и Фајнман го тврдат спротивното, но нивните тврдења се базирани само на теории. Башка, постојат јасни податоци дека и едниот и другиот биле пијаници. Зарем на пијаници ќе им веруваме? Јас со свои очи видов како Севернокорејците и Иранците го согоруваа отпадот, одговори Шилегов.
Градоначалникот откри и зошто лидерот на неговата партија и премиер, Зоран Заев, го демантирал за приказната со согорувањето на нуклеарен отпад и нуклеарниот реактор.
– Знаете, некои работи мора да останат тајна. Заев е, сепак, премиер и не може да го потврди ова, затоа што ако се дознае, санкции ќе ни воведат САД и ЕУ. Премногу сме мали за да бидеме нуклеарна сила,рече Шилегов.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Луди Чифут
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“